Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека од почетокот на војната во Украина Западот губи, бидејќи тоа го означува почетокот на кардиналниот колапс на американскиот светски поредок.
Според него, ако Западот сакал да предизвика конфликт за да премине во нова фаза на задржување на Русија, тогаш успеал.
– Ако Западот сакал да предизвика конфликт за да премине во нова фаза од борбата против Русија, во нова фаза на задржување на нашата земја, може да се каже дека во одредена смисла и успеал. А војната е започната и воведени се санкции – рече Путин.
Сепак, како што рече, Западот загуби.
– Сепак, требаше да сфатат дека ги загубија од нашите специјални воени операции од самиот почеток, бидејќи незиниот почеток го означува почетокот на кардиналниот колапс на американскиот светски поредок – рече претседателот на Русија на средбата со раководството на Државната дума и лидерите на политичките партии.