15.8 C
Skopje
Friday, September 22, 2023

Вознемиреност во Чешка | Франција и Бугарија се договарале сами за Македонија

Мора да се прочита

- Advertisement -spot_img

Франција и Бугарија се договарале сами.

Останатите земји членки, вклучително и Чешка, за која се знаеше дека ќе биде актуелен претседавач со ЕУ, не биле воопшто консултирани за францускиот предлог и се вознемирени поради тоа. Ова го откри чешката аналитичарка Јана Јаузова, која вели дека постои загриженост и за тоа, каква ситуација ЕУ создава со овој преседан.

Чешката Република е многу вознемирена поради Франција и Бугарија. Причината е што за францускиот предлог не биле консултирани другите земји членки. Од тоа што чувме, била консултирана само Бугарија, а останатите земји членки на ЕУ биле оставени во темница, се додека не била најдена причина за да им се презентира и на нив. Се разбира, Чешка и мнозинство земји членки ги гледаат сериозните проблеми во францускиот предлог и разбираат зошто е неприфатлив, зошто е толку тешко за С. Македонија да го прифати, изјави Јаузова од институтот ЕУРОПЕУМ-ПРАГА.

Повикувајќи се на информации од чешкото претседателство со ЕУ, Јузова рече дека, доколку Скопје го одбие францускиот предлог, Прага воопшто нема да размислува да ги раздвои Македонија и Албанија на патот кон евроинтеграцијата. Сметаат дека, раздвојувањето само ќе му даде легитимитет на бугарското вето и не се согласуваат со аргументите на некои други земји кои сметаат дека натамошната блокада на Албанија ќе го дестабилизира регионот. Напротив, сметаат дека тоа ќе го зголеми притисокот врз Бугарија, но и солидарноста меѓу земјите во регионот. Доколку, пак, се прифати предлогот, чешкиот пристап ќе биде да се направи колку е можно помала штета, да се ублажат негативните ефекти и да се осигура дека ова нема да биде траен преседан што ќе го користат и други земји-членки кон кандидати.

Ѓерѓ Вурмо од Институтот за демократија и медијација од Тирана, пак, им порача на ЕУ, да не бидат изненадени од падот на довербата и поддршката за евроинтеграцијата во земјите од Западен Балкан.

Во Албанија имаме лудо висока поддршка за интеграција во ЕУ. Над 90% од граѓаните ја поддржуваат. Во последните 15 години велев отворено дека тоа не е здраво за нас. Ни треба малку повеѓе ЕУ скеприцизам. Сега, по 15 години, ЕУ нѐ втурна, посебно мене лично, како еден од ЕУ поддржувачите, меѓу ЕУРОСКЕПТИЦИТЕ. И тоа не се случува само со мене, туку и со некои од моите колеги. И кој би можел да нѐ обвини за тоа овие денови? Ако тоа е патот на проширување по кој треба да одиме, и ова е тоа како ЕУ мисли дека процесот треба да се движи напред, на крајот од денот, кој би нѐ обвинил нас? Сега е време за сериозно преиспитување на овој процес, лично верувам дека на процесот за проширување му требаат реформи, мора да биде воден од целите, поради кои проширувањето првично и беше создадено, смета ВУРМО.

Дилеми во кредибилитетот на политиката на ЕУ искажаа и од Центарот за европска политика од Брисел.

Недостатокот од апетит за позначајни реформи за промена на договорот, за сериозно справување со проширувањето, и да знаат што всушност сакаат од оваа политика. Зачи, во моментот сме во дилема, со очигледни негативни последици кон кредибилноста на политиката и нејзината можност да има ТРАНСФОРМАТИВНО ВЛИЈАНИЕ на БАЛКАНОТ, вели Корина Стратулат од ЦЕНТАРОТ ЗА ЕВРОПСКА ПОЛИТИКА.

Имајќи ги предвид сите сложени случувања, беше потенцирано дека постои итна потреба од континуиран дијалог и комуникација во и помеѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ, на повеќе нивоа.

telma.com.mk

- Advertisement -spot_img

Повеќе Вести

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

- Advertisement -spot_img

Последно додадено