Локалните медиуми јавија дека средбата започнала порано денеска, а преговорите се одвивале зад затворени врати.
Во Истанбул завршија преговорите за решавање на проблемот со извозот на украинско жито. На состанокот учествуваа членови на делегациите на Русија, Украина, Турција и ОН.
За време на преговорите во Турција, Русија презентираше пакет предлози за брзо практично решение на прашањето за организирање на извоз на земјоделски производи од пристаништата на Црното Море, изјави денеска портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, генерал-полковник Игор Конашенков.
– Претставници на Министерството за одбрана на Русија учествуваат во четиринасочни преговори во Истанбул со колеги од Турција, претставници на ОН и украинската делегација за организација на извоз на земјоделски производи од пристаништата на Црното Море. Руската делегација подготви и презентираше пакет предлози за брзо практично решение на ова прашање – рече Конашенков, пренесува ТАС С.
Локалните медиуми јавија дека средбата почнала порано денеска, а преговорите се одвивале зад затворени врати.
Турција има намера да биде гарант за чистење на Црното Море од мини, сметајќи дека тоа ќе и овозможи да ја постигне главната цел на преговорите: воспоставување безбедни коридори за извоз на жито и создавање на координативен центар во Анкара, што би било надградба на веќе постоечкиот специјален канал за комуникација меѓу турските министерства за одбрана, на Русија и на Украина, наведува руската агенција.