15.8 C
Skopje
Friday, September 22, 2023

“Во ист момент ќе бидат лансирани две нуклеарни ракети, едната кон Вашингтон, другата кон…” | Ако Украинците испровоцираат нуклеарен инцидент во Запорожје, сојузниците нека се спремат за Судниот ден | Видео

Мора да се прочита

- Advertisement -spot_img

Рускиот ТВ водител Јури Кот изјави дека нуклеарни проектили треба да бидат истрелани кон САД и Велика Британија доколку силите на Киев со западно оружје испровоцираат нуклеарен инцидент во Украина.

Коментарот дојде во емисијата „Времја показат“ во понеделник на Првиот руски канал, во време кога се зборуваше за судбината на нуклеарната централа Запорожје.

Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) е се повеќе вознемирена од воената акција околу објектот, кој се наоѓа на околу 400 километри североисточно од пристанишниот град Мариупол.

Агенцијата предупреди дека ракетирањето на електраната создава „реален ризик од нуклеарна катастрофа“, бидејќи Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на централата.

– Ако, не дај Боже, се оштети нуклеарната централа Запорожје и се случи катастрофа, две ракети веднаш ќе паднат во вашите центри за одлучување – рече панелистот Јури Кот, додавајќи: „Едната во Вашингтон, а другата во Лондон“.

Америка и Украина рекоа дека американските испорачувани ракетни системи М142 (HIMARS) им помогнале на силите на Киев да ги погодат руските командни центри и складишта за муниција.

Во јули, Олга Скабеева на каналот „Русија-1“ рече дека американската воена поддршка за Украина може да се претвори во директен конфликт меѓу Русија и НАТО, велејќи им на гледачите: „Ќе одиме сѐ до Варшава“.

Во емисијата синоќа, Кот ја коментираше и западната воена поддршка за Киев и како сојузниците на Украина подготвуваат војна.

– Сите добро разбираме дека тие создаваат „фиктивна реалност“, а тука е вистинската реалност со која се занимаваме. Мислам дека би имало смисла директно да се осврнеме на Украина и на земјите кои ја поддржуваат – рече Кот.

- Advertisement -spot_img

Повеќе Вести

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

- Advertisement -spot_img

Последно додадено