Најголем дел од платениците доаѓаат од соседна Полска, но се знае колку од нив пристигнале на украинското бојно поле и од други делови на светот.
Речиси 400 странски платеници се убиени во Украина во последните три недели, а уште 240 милитанти ја напуштиле земјата, соопшти руското Министерство за одбрана.
Според статистичките податоци, голем број се од Балканот.
Во изминатите три недели, бројот на платеници во Украина е намален од 3.221 на 2.741 лице во офанзивните операции на Вооружените сили на Русија и единиците на народните милиции на ДПР и ЛНР.
– За тоа време и покрај тоа што дошле уште 151 платеник, ликвидирани се 391 милитант. Уште 240 платеници брзо се повлекле надвор од територијата на Украина – истакнува руското Министерство.
Платеници од балканските земји:
Романија 504 (загинати – 123, заминале – 119, останале во Украина 262); Хрватска 204 (повеќе од една третина од нив загинале); БиХ 158 (помалку од една третина од нив загинале); т.н Косово 156 (речиси половина од нив загинале); Албанија 150 (третина од нив загинале); Северна Македонија 79 (помалку од една третина загинале); тројца од Бугарија и двајца од Црна Гора заминале, а во Украина нема платеници од Србија.