Многу парови избегнуваат тешки прашања се додека не стане предоцна.
“Кога станува збор за бракот, она што не знаете навистина може да ви наштети”, почнува Елинор Стенфорд за New York Times.
Без разлика дали се работи за срамежливост, недостаток на интерес или желбата да се сочувува романтичната таинственост, многу парови не се прашуваат едни други сооние тешки прашања кои можат да помогнат во изградбата на темелите на стабилен брак.
“Ако не се расчистат проблемите пред бракот, ќе морате тоа да го направите додека сте во брак”, вели Роберт Штука, извршен директор на Националниот институт за подобрување на односите. Може да биде тешко да се чува тајна со децении, а резервираноста пред брак може да доведе до разочарување во иднина.
Пред влегување во брак или врска поставете ги овие 13 прашања на вашиот партнер:
1. Дали вашето семејство ги фрла чиниите, мирно ги решава проблемите или тивко згаснува кога настапува недоразбирање?
Ова прашање ќе ви помогне да добиете одговор на тоа како вашиот партнер во иднина ќе ги решава проблемите, односно, ќе дознаете на кој начин ќе ги реши проблемите.
2. Дали ќе имаме деца, и ако имаме, дали ќе ти биде тешко да менуваш пелени?
Пред бракот, брачните парови треба искрено да разговараат за тоа дали тие сакаат да имаат деца, колку деца би сакале да имаат, и во кој момент би сакале да ги имаат.
3. Дали искуството со нашите поранешни врски ќе ни помогне или одмогне?
Луѓето не толку со кеиф зборуваат за своето минато и може ретроактивно да се чувствуваат љубоморни и склони се да осудуваат. Бидејќи некои студии покажаа дека луѓето кои биле во многу сериозна врска се склони кон разводи и нискиот квалитет на брачерн живот, единствениот начин да се справат со ова прашање и соочат е да прифатата дека имале живот пред да станат пар (двојка).
4. Колку е важна религијата? Кога ќе ги славиме празниците, ако воопшто ќе ги славиме?
Верските прашања исто така треба да се решат што е можно поскоро. Дали секој ќе ја практикува својата религија индивидуално и како верската припадност ќе допре до децата треба да ви е расчистено уште пред да дадете збор.
5. Дали мојот долг е твојот долг? Дали би сакал да ме извлечеш од финансиски проблем?
Многу е важно да се знае како вашиот партнер се чувствува по прашањето на финансиската независност и дали очекува од вас да ги задржите вашите пари одвоени. Важно е веднаш да се каже дали имате долгорочни финансиски обврски. Покрај тоа, ако постои голема разлика во заработувачката моќ меѓу партнерите, тоа мора веднаш да се реши преку воспоставување на заеднички буџет што ќе ги згрижи сите пари.
6. Како пари сте подготвени да “фрилите“ на автомобил, мебел, чевли?
Паровите треба да бидат синхронизирани кога станува збор за трошење, односно, трошењето и стравот да не потрошат премногу ќе треба да го доживуваат на ист начин.
7. Ќе можеш ли да се справиш со тоа што јас работам некои работи без тебе?
Со стапување во брак, многу луѓе се надеваат дека и понатаму ќе го задржат одредениот степен на автономија во својот живот, додека истовремено градат партнерство со сопружник. Треба да се дефинира што значи приватност и треба да се зборува за хобито и пријателите, но и за времето кога еден партнер другиот ќе го остави на мира, т.е. кога ќе може да ужива во своето приватно време.
8. Дали партнерите ги сакаат родителите на своите партнери?
Тука е најважно да се презентира единствена фронт линија, бидејќи во овој случај на лоши односи со родителите на партнерот ќе ви биде полесно да се справите. Проблемите се јавуваат кога за тоа не се зборува и на долг рок може да станат голем товар.
9. Колку ви е важен сексот?
Паровите денеска очекуваат од партнерите постојано сексуално да ги стимулираат, а ова во минатото не беше случај. Во здрава врска потребно е да се дефинира она секој што сака во сексот и колку често би сакале да го имаат. Исто така, потребно е да се расчисти што сексот за партнерите значи и ако постојат несогласувања, нпр. за едниот партнер сексот е уживање, а другиот го сака затоа што се чувствува младо, треба да се направи компромис, така што и двајцата партнери да се задоволни.
10. Колку далеку треба да се оди во флертување со други? Дали гледањето порнографија е во ред?
За сексуалниот ексклузивитет треба веднаш да се разговара, но подеднакво и за порнографијата. Првото прашање ќе биде многу лесно да се отвори, а прашањето за порнографијата често останува неразрешено бидејќи партнерите се плашат да го постават.
11. Дали знаеш на кои се начини ти велам дека те сакам?
Според книгата “Петте јазика на љубовта” од Gary Chapman, љубовта се изразува преку поттикнување на партнерите, квалитетно поминато време, примање подароци, давање на услуги и физички допир. Партнерите треба да ги рангираат овие начини на изразување на љубов, како би биле доследни во покажување љубов.
12. Кога се работи за мене, на што се восхитуваш, а што, ако ништо друго, ти оди на нерви?
Дали толерирањето на овие работи кои кај партнерот ве нервираат се вредни поради тоа што од партнерот добивате поддршка и восхит? За да бракот и врската опстои неопходно е да се надополни почетниот флуид кој ве споил.
13. Како на нас гледаш за 10 години?
За одговор на ова прашање размислете додека решавате тековен проблем. Покрај тоа, важно да се знае одговорот на прашањето дали да се остане во брак ако врската се распадне или ќе се разведувате.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.