ЕКСПЕРТИТЕ веруваат дека огромен ракетен засилувач ќе се сруши на Земјата викендов и дека постои голема веројатност да не изгорат сите негови делови при влегувањето во атмосферата, туку и некои да паднат на земјата.
Засилувачот (ракетен засилувач) е долг 53,6 метри и тежи околу 23 метрички тони и е дел од неодамна лансираната кинеска ракета. Добрата вест е дека шансите за значителна штета се прилично мали, а лошата вест е што сè уште немаме точна идеја за тоа каде ќе се урне.
Експерти ширум светот работат на утврдување на локацијата на ударот. Засега, тие се прилично сигурни дека ќе влезе во нашата атмосфера на 31 јули 2022 година и дека најверојатно ќе падне во областа на жолто-сините испреплетени линии кои се гледаат на картата на американската непрофитна организација Aerospace Corporation.
Our latest prediction for #CZ5B rocket body reentry is:
🚀31 Jul 2022 00:24 UTC ± 16 hours
Reentry will be along one of the ground tracks shown here. It is still too early to determine a meaningful debris footprint. Follow this page for updates: https://t.co/SxrMtcJnj0 pic.twitter.com/CZRQBClOAg— The Aerospace Corporation (@AerospaceCorp) July 28, 2022
„Објект со оваа големина нема целосно да изгори кога ќе влезе во атмосферата“
Жолтите и сините линии на мапата ја покажуваат областа на потенцијален влез во атмосферата, а жолтата икона покажува каде ќе биде ракетниот погон во средината на влезот, пишува Science Alert.
„Поради неконтролираната природа на влегувањето во атмосферата, постои одредена веројатност дека отпадот ќе падне во населено место бидејќи повеќе од 88 отсто од светската популација живее во можна област на падот“, велат од Aerospace Corporation.
„Објект со оваа големина нема целосно да изгори кога ќе влезе во атмосферата. Обично 20 до 40 проценти од масата на голем објект паѓа на земја, иако тоа зависи и од неговиот дизајн“, додадоа тие.
Доколку ваквите вести ви звучат познато, не грешите. Многу слична ситуација се случи и минатата година, со отпадоци кои паднаа во Индискиот Океан. Меѓутоа, во 2020 година, делови од ракетниот засилувач од истата марка се урнаа во близина на африканскиот Брег на Слоновата Коска, а остатоците ги натрупаа селата. За среќа немаше значителна штета.
Различни типови на засилувачи – некои се побезбедни
Засилувачот што треба да се сруши на Земјата во недела е дел од ракетата Long March 5B лансирана на 24 јули 2022 година од страна на Кинеската Национална вселенска агенција (CNSA). Ракетата носеше нов модул во орбитата, идниот дел од вселенската станица Тиангонг.
Постојат погони за повеќекратна употреба, како оние од компанијата SpaceX, кои се спуштаат на површината на контролиран начин и можат да се користат во следните мисии. Погонувачите на НАСА обично паѓале низ атмосферата со падобран и во предвидлива област.
Бидејќи кинескиот Long March 5B е толку масивен, можно е приближно 4 до 9 метрички тони од засилувачот да завршат на земјата. Добро е да се знае дека на почетокот на оваа недела беше објавена студија која ги анализираше шансите за смрт од паѓање вселенски отпад во следната деценија, која покажа дека има само 10% шанси за еден или повеќе смртни случаи.
Аналитичарот на Aerospace Corporation, Тед Муелхаупт, за Ројтерс изјави дека 75 отсто од површината на потенцијалната патека за повторно влегување е вода, пустина или џунгла.