Благодарение на моќниот нов телескоп, астрономите за прв пат можат да забележат судир на две мртви сонца или неутронски ѕвезди.
Неутронските ѕвезди се срушени јадра на масивни ѕвезди кои го достигнале крајот на својот животен век и го исфрлиле најголемиот дел од нивниот материјал во вселената. Останатите јадра се сè уште помасивни од Сонцето (најчесто помеѓу 1,38 и 2,1 соларна маса), но тие се исклучително мали, со дијаметар од само околу 20 километри.
Овие ѕвезди се толку густи што една мала лажичка од нивниот материјал тежи четири милијарди тони. Имаат толку силна гравитација што знаат да се привлечат еден со друг, по што доаѓа до судир.
Судири кои ги откриваат тајните на универзумот
Нивните судири се клучни за нашето разбирање на универзумот. Имено, научниците веруваат дека тешките метали кои формирале ѕвезди и планети како нашата пред неколку милијарди години потекнуваат од нив.
Кога ќе дојде до судир, се создава блесок и моќен ударен бран што се јури низ вселената. Тој гравитациски бран го искривува просторот. Откако ќе биде откриен на Земјата, новиот телескоп влегува во акција за да ја пронајде точната локација на блеокот.
Светлината од таков судир е видлива само неколку ноќи, па телескопот мора брзо да се насочи кон тој регион од вселената. Астрономите забележале еден од овие судири во 2017 година, но наишле на чиста среќа, пишува BBC.
„Традиционалната астрономија често се потпира на чиста среќа“
Британските научници на вулканскиот шпански остров Ла Палма изградиле телескоп Gravitational Wave Optical Transient, promatrač (GOTO), со кој сега систематски ќе ги набљудуваат овие настани.
Имено, кога научниците на Земјата ќе детектираат гравитациски бран од судирот, GOTO тргнува во акција за да ја пронајде точната локација на блескокот. Експертите ќе се обидат да го лоцираат во рок од неколку часа или дури минути по откривањето на гравитационите бранови.
„Кога ќе добиеме навистина добро детектирање, мораме да го искористиме максимумот од тоа. Брзината е од суштинско значење. Бараме многу краткотраен настан и немаме многу време пред да исчезне“, рече астрономот Danny Steeghs од Универзитетот Warwick во Ла Палма.
Благодарение на новиот телескоп, експертите сега можат подобро да ги истражуваат тајните на универзумот.
„Традиционалната астрономија често се потпирала на чиста среќа. Сега веќе нема да се надеваме само на случајни откритија, туку ќе можеме да ги лоцираме овие судири и да откриеме, дел по дел, што е таму во универзумот“, вели астрономот Kendall Ackley која работи на проектот GOTO.