15.8 C
Skopje
Friday, September 22, 2023

МОРА ДА БИДЕМЕ ВОРУЖЕНИ И ПОДГОТВЕНИ ! Унгарија ја стави АРМИЈАТА во готовност, повикани резервисти!

Мора да се прочита

- Advertisement -spot_img

Унгарија е во страв и подготвеност.

Унгарскиот министер за одбрана Кристоф Шалај-Бобровнички денеска издаде наредба за поставување на вооружените сили на земјата на повисоко ниво на готовност.

– Се соочуваме со невидени безбедносни предизвици, како што е војната во нашето соседство и насилните илегални мигранти кои ја опсадуваат границата – изјави Кристоф Шалаи-Бобровнички на Фејсбук, пренесе агенцијата МТИ.

Тој додаде дека со слични предизвици се соочуваат нациите низ Европа.

Велика Британија објави дека ги мобилизирала своите вооружени сили, Словачка прогласи вонредна состојба, а Полска ја зголемува борбената готовност, рече унгарскиот министер и порача:

„И ние мора да бидеме вооружени и подготвени“.

Шалај-Бобровнички рече дека во интерес на зачувување на мирот во Унгарија, му наредил на началникот на Генералштабот Ромолус Русин-Шенди да ја стави армијата на повисоко ниво на готовност.

Тоа значи, додаде тој, дека армијата ќе има повеќе вежби во наредните недели и месеци. Вежбите ќе бидат забрзани и ќе бидат повикани повеќе резервисти.

- Advertisement -spot_img

Повеќе Вести

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

- Advertisement -spot_img

Последно додадено