Менталната сила често не се рефлектира во она што го правите, туку во она што не го правите, тоа го заклучила Amy Morin, автор на бестселерот “13 работи кои ментално силните луѓе не ги прават”
Американскиот психотерапевт Amy Morin истакнува колку е важно да се контролираат мислите, однесувањата и емоциите. Еве што според неа ментално силните луѓе не го прават:
1. Не губат време сожалувајќи се
Тоа е деструктивно – тоа ве држи подалеку од тоа да живеете со полни гради и да сте среќни. Самосожалувањето е чиста загуба на време и позитивна енергија, а при тоа негативно влијае на меѓучовечките односи. Наместо да се жалите, почнете да бидете благодарни за она што го имате во животот.
2. Нема да се откаже од својата моќ
Многу луѓе забораваат колку се силни кога немаат физички или емоционални граници. Важно е да знаете кога да подвлечете линија и да се заземете за себе. Ако другите луѓе го контролираат она што го правите, тогаш тие луѓе го дефинираат вашиот успех и самодовербата. Важно е да имаш свои цели и храбро да одиш кон нив.
Morin, во својата книга ја зема Oprah Winfrey како добар пример – таа израснала во сиромаштија и била сексуално злоупотребувана, но не дозволила тоа да го одреди нејзиниот живот, ниту пак се откажала од сознание дека има моќ да направи со својот живот она што сака.
3. Не бегаат од промени
Да се направи промена во животот може да биде страшно, но бегањето од тоа го спречува растот и напредокот на човекот. Исто така, некои промени се неизбежни и нема бегање од нив, а колку подолго чекате, толку потешко станува.
4. Не се фокусираат на работи кои не можат да ги контролираат
Обидот да се контролира сè околу себе е веројатно одговор на анксиозност.
“Наместо да се фокусираат на управување со анксиозноста, некои луѓе се обидуваат да го контролираат нивното опкружување”, објаснува Morin. Ако го отстраните својот фокус од работите кои не можете да ги контролирате, ќе живеете со помалку стрес, ќе бидете посреќни, ќе имате подобар меѓучовечки однос, ќе бидете поуспешни и ќе ви се отворат нови можности.
5. Не се грижат како да ги задоволат сите околу себе
Многу луѓе се заморуваат со тоа што мислат другите за нив, а тоа е во спротивност со менталната сила. Обидите да се задоволат сите е само губење на време. Мора да бидете свесни дека не можете да ги задоволите сите, а ако некој е разочаран или лут поради тоа – тоа е негов проблем.
Луѓето кои на сите им удоволуваат, всушност, дозволуваат другите да ги манипулираат. Луѓето кои не се заморуваат како да ги задоволат сите, повеќе се потпираат на себе и имаат силна самодоверба.
6. Не се плашат од преземање ризици
Луѓето често се плашат да преземат ризици, без разлика дали се финансиски, физички, емоционални, социјални или работни, но тоа се сведува на знаење.
– Недостатокот на знаење за тоа како да се пресмета ризикот води до зголемен страв – објаснува Morin во својата книга.
За подобро да ги анализирате ризиците, сами поставете си ги овие прашања:
- Колкави се потенцијалните трошоци?
- Кои се потенцијалните придобивки?
- Како тоа ќе ми помогне да ја постигнам мојата цел?
- Кои се алтернативите?
- Колку би било добро ако се појави најдобро сценарио?
- Кое е најлошото нешто што може да се случи?
- Како можам да го намалам ризикот ако се случи најлошото?
- Колку лошо може да биде ако се случи најлошото сценарио?
- Колку оваа одлука ќе биде важна за пет години?
7. Не живеат во минатото
Продолжува на страна 2