15.8 C
Skopje
Friday, September 22, 2023

КРИЗАТА ВЕЌЕ ПОЧНАЛА ДА ПРЕДИЗВИКУВА ПАНИКА ! Австриската влада: Големите потрошувачи да преминат од гас на нафта!

Мора да се прочита

- Advertisement -spot_img

Министерката за енергетика Leonore Gewessler најави дека нејзиното министерство ќе достави на разгледување регулатива со која на големите потрошувачи ќе им се наложи да преминат од гас на други извори на енергија.

Австриската влада апелира до граѓаните да се подготват за следната грејна сезона и да помогнат во заштеда на струја и гас.

Ова, вели, опфаќа одржување на котлите на гас, испуштање воздух од грејните елементи, како и проверка на запечатувањето на роторите.

– Добро одржуваните котли на гас, грејните елементи без воздух, можат да заштедат и до 50 отсто енергија – наведе таа.

Leonore Gewessler, на прес-конференцијата рече дека состојбата со снабдувањето со гас сé уште е неизвесна.

Таа рече дека нивото на рано предупредување нема да се подигне.

Воедно, таа посочи дека доаѓа следниот критичен настан, а тоа е ремонтот на гасоводот Северен тек најавен за 11 јули.

Канцеларот Karl Nehammer за вечерва свика состанок на Советот за национална безбедност, а причината е мало полнење на складишта за гас за резервите за зима од планираното.

- Advertisement -spot_img

Повеќе Вести

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

- Advertisement -spot_img

Последно додадено