САМО една недела откако првите снимки од моќниот вселенски телескоп Џејмс Веб ја обиколија земјината топка, тој веќе ја пронајде најстарата галаксија некогаш видена – која постоела пред 13,5 милијарди години.
Галаксијата GLASS-z13 постоела околу 300 милиони години по Големата експлозија. Потенцијално ја гледаме најдалечната ѕвездена светлина што некој ја видел“, вели астрономот Рохан Наиду од Центарот за астрофизика на Харвард.
https://twitter.com/physicsJ/status/1549780839772217345?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1549780839772217345%7Ctwgr%5E2b9624ad73356d17936456d47db690dd931bfcf1%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fvijesti%2Fclanak%2Ffoto-james-webb-izgleda-snimio-najstariju-dosad-vidjenu-galaksiju%2F2381946.aspx
Колку подалеку се предметите од нас, толку подолго е потребно нивната светлина да стигне до нашите очи или инструменти. Ова значи дека кога гледаме во далечниот универзум, гледаме во далечното минато. Иако галаксијата GLASS-z13 постоела во најраната ера на универзумот, не ја знаеме нејзината точна старост бидејќи можела да се формира во секое време во првите 300 милиони години.
„Во моментов нашата претпоставка за растојание се заснова на она што не можеме да го видиме“
Кога ќе се „преведе“ од инфрацрвениот до видливиот спектар, галаксијата се гледа како црвена дамка со бел дел во центарот, пишува АФП.
Наиду и неговите колеги, тим од 25 астрономи од целиот свет, ги доставија своите наоди до научно списание, но нивното истражување сè уште не е рецензирано.
Научниците имаат уште многу работа. Поточно, тие сакаат да повратат одреден временски пристап до телескопот за да спроведат спектроскопија, анализа на светлината што открива детални својства на објект, што би можело да помогне да се прецизира растојанието на галаксијата.
„Во моментов нашата претпоставка за далечина се заснова на она што не можеме да го видиме и би било одлично ако се базира на она што можеме да го видиме“, рече Наиду.
„Засега знаеме дека галаксијата има маса од милијарда сонца. Ова е многу изненадувачки, или нешто што не го разбираме, со оглед на тоа колку брзо се формирала по Големата експлозија“, додаде тој.