Желбата на Киев целосно не се заснова на реалноста, таа е невозможна и апсурдна, рече поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, според Штерн.
– Идејата дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ќе го врати Крим со воени средства е апсурдна – нагласи германскиот политичар.
Заменик министерот за одбрана на Украина Владимир Гаврилов ја објави својата намера да ја уништи Црноморската флота и да го „врати“ Крим.
Како одговор, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека овие закани ја потврдуваат оправданоста на „специјалната воена операција“.
– Изјавите на заменик министерот за одбрана на Украина, Володимир Гаврилов, за уништувањето на Црноморската флота и „враќањето“ на Крим само ја потврдуваат оправданоста на специјалната воена операција – изјави Дмитриј Песков.
– Ваквите изјави кои содржат претензии за рускаta територија уште еднаш говорат за исправноста и апсолутната оправданост на специјалната воена операција – рече Песков, цитиран од ТАСС.
Портпаролот на Кремљ рече дека само такви средства можат да ја спасат Украина од такви претставници на раководството.