Постои можност Турција, Египет и Саудиска Арабија многу брзо да се приклучат на БРИКС, изјави директорката на форумот на БРИКС Пурнима Ананд, пренесува весникот „Известија“.
Ананд рече дека за време на 14-тиот самит на лидерите на БРИКС, кој се одржа во виртуелен формат од 23 до 24 јуни, за ова прашање разговарале Кина, Русија и Индија.
– Овие земји покажаа дека се заинтересирани за влез во организацијата и веќе подготвуваат апликација за членство. Мислам дека тоа е добар потег, бидејќи проширувањето секогаш се перципира позитивно, ќе го зголеми влијанието на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужна Африка) низ светот. Се надевам дека влезот на земјите во БРИКС ќе се случи многу брзо, бидејќи сега сите претставници на јадрото на унијата се заинтересирани за проширување – објасни таа.
Покрај тоа, Ананд е убеден дека членството на Турција, Египет и Саудиска Арабија треба да се случи брзо, бидејќи процесот веќе е во тек. Таа појасни дека приклучувањето кон организацијата нема да се случи истовремено.
Претходно, шефот на одделот за меѓународни економски прашања на Министерството за надворешни работи на Кина, Ли Кесинг најави дека неколку земји веќе „чукаат на вратата“ на организацијата, меѓу кои се: Индонезија, Турција, Саудиска Арабија, Египет и Аргентина.