Почетната страст и возбуда често се претвораат во разочарување, бидејќи односот се базира на прикривање и лаги.
Кај љубовниците се зголемуваат очекувањата од партнерите, но и фрустрациите …
1. Криење
Иако едните во љубовничката врска ќе ја видат магијата на врската без обврски или ќе се оправдуваат со минлива заљубеност, таквите “договори” на долг рок имаат многу недостатоци. Првиот и основен е криење, бидејќи љубовниците треба да бидат подалеку од очите на јавноста. Магијата на забранетото овошје брзо избледува, ако сте принудени да го поминувате времето во евтини хотелски соби или се криете во автомобилот.
2. Лаги
Љубовничкиот однос вклучува лаги и тоа многу од нив. Колку подолго врската трае, толку лагите сѐ повеќе се провлекуваат низ животот и предизвикуваат чувство на немир и анксиозност.
Лажењето на семејството и пријателите е само дел од проблемот, а повеќето од оние кои се во љубовнички однос најмногу се лажат себеси – без разлика дали си велат дека тоа што тие го прават или пак ги намалуваат своите чувства, ги прифаќаат лагите на љубовникот дека е во лош брак и така натаму.
3. Грижа на совест
Без оглед на религиозното уверување, социјалната норма е дека бракот е нешто во што не би требало да се чепка. Тоа особено доаѓа до израз во приказните, каде што има и деца. Иако тоа не е нешто што се случува додека љубовниците се занесени со страст, со текот на времето неизбежно се наметнува прашањето на последиците од таков однос.
4. Осуда
Луѓето ги осудуваат љубовниците, па дури и ако во лице ве лажат дека тоа не е така. Колку повеќе луѓе ја знаат целата приказна, тркалото на осудување се проширува, а тајните лесно се издаваат и се шират во форма на озборување. Љубовниците брзо стануваат “неморални”, се обвинуваат поради недостаток на самодоверба, глупост, но и усогласеност со ниски потреби.
5. На последното место
Без оглед на тоа колку внимателен партнерот ви се чини, љубовникот или љубовницата доаѓаат зад неговото семејство и сопружниците од различни причини кои начелно сте го прифатиле штом сте се согласиле на таков однос. Ако тоа се менува со текот на времето, се наматнува прашањето за тоа како порано не ви пречел таков однос, но, исто така, ризикот дека од забавното поминување на времето се претворате во некој кој “дрдори”, што веќе го има дома.
6. Љубов или искористување?
Дури и ако врската првично се сведува на секс, честите дружења и размена на нежност почесто резултираат со вистински чувства отколку што остануваат само на тоа. Тогаш растат и очекувањата и желбите, а односот се сведува на емоционален рингишпил – од моментот на голема среќа до огромни количини на тага и испрашување дали сѐ се сведува на секс и забава која брзо поминува.
7. Добивате само парчиња
Колку и да сте заљубени или често се гледале, љубовниците никогаш не добиваат целосни односи – кои вклучуваат јавно признание, заеднички утра, Божиќ, родендени, покани на партнерот во кое време и да посакате … Тоа обично не е важно во прв момент, но со продлабочување на чувствата станува камен на сопнување и голем извор на фрустрации.
8. Како можете да му верувате?
Бидејќи односот, по дефиниција, се темели на лажење на другите, тешко е да се потпрете на верувањето на другата страна во било што. Дали тој или таа спие сѐ уште со својот партнер, ја доживуваат врската сериозно, дали имаат вистински намери да излезат од бракот – се некои прашања каде што довербата се “крши”. Дури и ако другата страна ќе се разведе, големо е прашањето дали можете да имате доверба дека истото нема да се случи и со вас.
9. Сето тоа води до крајот
Околу 90 проценти од вонбрачните врски не завршуваат со развод, туку со прекинување на односот со љубовникот или љубовницата. Најчесто брачниот другар дознава за приказната и поставува ултиматум, но можно е и да се заладат односите од една или друга страна поради фрустрациите или премногу притисок.
10. Животот поминува
Секој однос нѐ формира и од него можеме да научиме нешто, но друга е работата да се “турка” нешто за што одамна сфативме дека нема иднина, а со тоа повеќе да тагуваме отколку што уживаме. Овој вид на деструктивно однесување може да помине во вистинска зависност, додека поминува можноста да се запознае подобар и посоодветен партнер.
Споделете со вашите пријатели
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.