15.8 C
Skopje
Friday, September 22, 2023

БАЈДЕН СЕПАК НЕ МОЖЕ БЕЗ РУСИЈА ? Белата куќа е во паника, санкциите на Москва зададоа големи загуби – нафтата е ПОТРЕБНА

Мора да се прочита

- Advertisement -spot_img

Во екот на војната во Украина и зголемениот број на санкции на Русија од страна на западните земји, New York Times пишува дека стратегијата на Соединетите Американски Држави наскоро ќе се промени.

Имено, Џозеф Бајден веќе им наложил на своите соработници да направат план кој ќе овозможи проток на руската нафта, но по ограничени цени.

Претставниците на Белата куќа стравуваат дека новата рунда европски санкции насочени кон протокот на руската нафта може да доведе до нов скок на цените на енергијата до крајот на годината. Ова ќе им нанесе голем удар на западните економии, особено на САД.

За да го спречат тој исход, американските власти сакаат да смислат план кој нема да ги прекрши санкциите наметнати на Русија, но во исто време ќе овозможи руската нафта да стигне до светските пазари, но по значително намалена цена.

Лидерите на ЕУ веќе постигнале договор за ембаргото на руската нафта, кое треба да стапи на сила до крајот на годинава. Планот е да се намали зависноста од руските енергетски извори во неколку фази, додека целосен прекин на увозот е планиран за декември годинава.

Иако самиот Бајден го охрабри воведувањето на ембаргото, заедно со другите пакети санкции, се чини дека американскиот претседател стравува од нарушувањето на светскиот пазар што ќе го предизвика ембаргото.

- Advertisement -spot_img

Повеќе Вести

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

- Advertisement -spot_img

Последно додадено