При посетата на Пинк, претседателот на Србија се осврна и на актуелната состојба во светот и војната во Украина.
– Знам што не чека. Во моментот кога Владимир Путин ќе ги заврши работите во Северск, Бахмут и Соледар, потоа на втората линија Славјанск – Краматорск – Авдеевка, ќе следи неговата понуда. Ако Западот не ја прифати понудата, а нема да ја прифатат, ние ќе одиме по ѓаволите, рече Вучиќ.
Зборувајќи за руската операција во Украина, Вучиќ во емисијата истакна дека тоа не е конфликт од локален карактер, туку дека имаме речиси глобален конфликт.