15.8 C
Skopje
Friday, September 22, 2023

Театар Комедија со нова премиера | РЕВИЗОР

Мора да се прочита

- Advertisement -spot_img

Театар Комедија ја најавува новата премиера за 5. Мај, Ревизор од Гогољ, во режија и адаптација на Андреј Цветановски.

Ревизор, според режисерот Цветановски, зборува за малограѓанштината не како географска одредница, туку како состојба на духот. Зборува за стравот од нешто повисоко и за расипаноста на оние кои го обожуваат врховното божество, власта.

Гротеска на односот на граѓаните кон власта и нивната заслепеност од сјајниот костум на Петербург. Оваа претстава зборува за човековиот страв од власта и потребата од моќ кои како појави се појавуваат во овој систем и го јадат одвнатре до точка од која нема враќање.

Дали сите се наоѓаме во оваа приказна? До кога ќе живееме во свет во кој моќта претставува основна човечка карактеристика? И она најважното… Сите ли сме си наши?
Сценограф на предтавата е Сергеј Светозарев, а костимите се на Ивана Каранфиловска

Играат
Тони Денковски
Сергеј Димоски
Виктор Арсов
Жаклина Стевковска Дрнасин
Жаклина Петровска Милјановска
Едмонд Сотир
Илија Илиоски
Столе Мицов
Јаков Спасов
Ангела Стојановска
Марија Кондовска
Христијан Поп Симонов

- Advertisement -spot_img

Повеќе Вести

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

- Advertisement -spot_img

Последно додадено