15.8 C
Skopje
Friday, September 22, 2023

Случајно откритие | Научниците исражувале лека за дијабетес, а откриле одлична терапија за слабеење

Мора да се прочита

- Advertisement -spot_img

За време на експериментот, глувците загубиле околу половина од вкупниот волумен на масното ткиво, особено она што ги обвива виталните органи.

Пеницилин, лек кој ја промени модерната медицина, е откриен сосема случајно. На сличен начин, значи случајно, можно е да до револуционерното откритие дошле научниците од Универзитетот во Пенсилванија. Тргнале по лек за дијабетес тип 2, а се чини дека случајно откриле можен лек за слабеење, пишува порталот IFL Science.

Користејќи глувци во нивното истражување на лекот за дијабетес тип 2, научниците доживеале неочекуван пресврт. Глувците почнале да лачат лигава материја низ кожата. Кога го анализирале, откриле дека станува збор за масно ткиво кое глувците по добиениот третман прекумерно го „испотиле“.

Станале лигави откако изгубиле тежина

“Тие блескаа на светлина. Оние кои добиле третман (TSLP) секогаш блескаа. Не знаев што значи тоа. Кога многу ја намалиле тежината стнале речиси целосно лигави”, проф. Taku Kambayashi од Универзитетот во Пенсилванија.

Станува збор за TSLP, тимски стромален лимфопоетин, или протеин кој припаѓа на семејството цитокини, одговорен за контрола на активноста на имуните клетки. Порано се покажало дека TSLP ги активира на имунолошките клетки кои го контролираат воспалението, што е клучно за спречување на дијабетес тип 2 и дебелината.

Научниците шпекулираат дека TSLP внесен во телото со вирусен вектор (начинот на кој работат вирусните векторски вакцини) може да го поттикне имунолошкиот систем да дејствува против болеста.

За време на експериментот, глувците изгубиле половина од тежината

TSLP е споен со аденовирусен вектор: Ова е методот што во моментов се користи во различни експериментални терапии. По инјектирање на ова соединение, глувците брзо почнале да губат телесната тежина. TSLP предизвикал миграција на Т-клетките во жлездите кои потоа лачеле многу повеќе себум, или вообичаената форма на маснотии (WAT).

За време на експериментот, глувците загубиle околу половина од вкупниот волумен на масното ткиво, особено оној што ги обвива виталните органи. Импликациите од ова случајно откритие би можеле да бидат екстремно големи со оглед на високата стапка на дебелина кај населението. Сепак, потребни се поконкретни клинички испитувања.

- Advertisement -spot_img

Повеќе Вести

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

- Advertisement -spot_img

Последно додадено