15.8 C
Skopje
Friday, September 22, 2023

Се проширува и регулира дивиот паркинг зад Народна Банка

Мора да се прочита

- Advertisement -spot_img

Општина Центар го проширува и го регулира дивиот паркинг зад Народна банка на Република Северна Македонија. Станува збор за див паркинг со оштетен асфалт на кој со безредие се паркираа автомобили често блокирајќи се едни со други.

Општина Центар го гребе стариот и испукан асфалт, го проширува паркингот на околу 3000 метри квадратни со што ќе обезбеди паркинг места за околу 250 автомобили. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, беше на увид на инфраструктурните зафати при отстранувањето на оштетениот асфалт и оттаму порача дека конечно просторот ќе биде уреден и ќе се воведе ред во паркирањето.

„Конечно го уредуваме и регулираме просторот на дивиот паркинг на кој се паркираа автомобили кој кај ќе стигне. На целиот простор комплетно ќе биде изгребана цела површина и ќе биде вградена нова асфалтна маса дополнително овој паркинг простор ќе биде обележан согласно сообраќајниот проект на Паркинзи на Општина Центар. Ги замолуваме граѓаните за трпеливост за време на извршувањето на овие градежни активности со цел предвидените активности да завршат во предвидениот рок од 30 дена“, изјави градоначалникот Герасимовски.

По површните инфраструктурни зафати Јавното Претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ ќе ги обележи паркинг местата со цел да има ред во паркирањето и ќе постави инфо обележје за корисниците на паркингот. Овој отворен паркинг главно го користат вработени од институциите и околните претпријатија. Општина Центар вложува во проекти кои воведуваат ред во сообраќајот и го регулираат паркирањето.

- Advertisement -spot_img

Повеќе Вести

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

- Advertisement -spot_img

Последно додадено