15.8 C
Skopje
Friday, September 22, 2023

Сензационална вест | Оживеале црвите замрзнати пред 46 илјади години

Мора да се прочита

- Advertisement -spot_img

Сензационална вест од германските научници. Црвите замрзнати пред 46 илјади години биле оживеани. Утврдено е дека се работи за досега непознат вид.

Откриени се црви стари 46 илјади години. Современици се на одамна изумрените волнени мамути кои биле замрзнати за време на последното ледено доба, а пронајдени пред неколку години во примерок од сибирскиот вечен мраз (permafrost) на длабочина од околу 40 метри. Permafrost е трајно замрзната земја.

Црвите во него биле во криптобиоза – состојба во која метаболичките процеси се речиси целосно запрени. Досега, научниците имале докази дека црвите можат вака да поминат неколку децении.

Тие го прават овој шеќер, трехалоза, кој некако помага во заштитата на нивната ДНК и протеини додека се во таа фаза на одмор. Проверувајќи ги базите на податоци, не можевме да најдеме ниту една генетска секвенца што се совпаѓа со онаа што ја најдовме. Тоа е нов вид, изјави д-р Philipp Schiffer од University of Cologne.

По одмрзнувањето, црвите живееле еден месец, но зад себе оставиле околу сто нови генерации.

Со проучување на овој вид, споредување на геномите и согледување како тие се прилагодиле на екстремните временски услови, можеме да научиме многу за биологијата за зачувување. Можеме да научиме работи кои би можеле да ни помогнат можеби да ги спасиме загрозените видови и да размислиме за мерките за заштита иза сите тие работи, рече Schiffer.

Научниците предупредуваат, со глобалните климатски промени и топењето на мразот и вечниот мраз, би можеле да се соочиме со досега непознати видови.

Не се одмрзнуваат само овие црви, туку и бактериите. Може да има опасни работи скриени таму. Не сакам да предизвикувам тревога или нешто слично, но тоа е нешто што е можно, истакна Schiffer.

Бидејќи како црвите, вечниот мраз може да скрие и одамна исчезнати видови бактерии и вируси кои би можеле да предизвикаат глобални здравствени проблеми како што е пандемијата на коронавирусот.

- Advertisement -spot_img

Повеќе Вести

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

- Advertisement -spot_img

Последно додадено