14.8 C
Skopje
Tuesday, May 30, 2023

СВЕТОТ ГОРИ, РЕКОРДИТЕ ПАЃААТ | Две нови студии откриваат што се случува | Полошо е отколку што мислевме, една екстремна појава предизвикува друга

Мора да се прочита

- Advertisement -spot_img

Ризиците за луѓето би се намалиле на глобално ниво за 10 до 44 отсто доколку глобалното затоплување се ограничи на 1,5 степени Целзиусови во споредба со 2 степени, според ново објавеното истражување.

Две нови студии фрлаат светлина на зголемените ризици со кои се соочува светот поради глобалното затоплување и објаснуваат како таквите опасности можат да ескалираат во домино ефект, пишува американскиот портал Axios.

Една од тие студии беше објавена оваа недела во списанието Geophysical Research Letters. Нејзините автори предупредуваат дека одредени временски екстреми, како што е сушата, може да предизвикаат или влошат други климатски опасности, како што се топлотните бранови.

„Во јуни 2021 година, југозападот на САД доживеа рекорден топлотен бран. Овој топлотен бран дојде во време кога регионот беше погоден од силна суша. Бидејќи сушата ја менува количината на површинската енергија на начини кои влијаат на пониската атмосферска температура и циркулација, можно е комбинацијата на суша и топлина да претставува каскадна климатска опасност, во која претходната суша го влоши топлотниот бран“, се вели во студијата.

Светот е за 1,2 степени потопол отколку во прединдустриската ера

Интеракцијата на екстремните настани поврзани со климатските промени може да создаде каскадни и невидени резултати, се вели во истата студија. Југозападниот дел на САД моментално се соочува со долготрајна мегасуша предизвикана од човекот, а овие услови ја зголемуваат можноста за пожешко и посува лето со високи ризици од пожари. Авторите истакнуваат дека сличните интеракции помеѓу сушата и топлината веројатно дозволиле шумските пожари во Ново Мексико да се зголемат на рекордно ниво во последните месеци.

„Гледаме сигнал за климатски промени во рана пролет, побрзи суши и предвремени летни горештини, што ќе доведе до поголеми влијанија отколку што би предвидувале доколку го погледнеме секој од овие феномени посебно“, рече коавторот на студијата Benjamin Zaitchik, истражувач od Универзитетот Johns Hopkins.

Студијата предупредува дека светот е веќе за околу 1,2 степени Целзиусови потопол во просек од прединдустриските нивоа и е на пат да достигне затоплување од 3 степени Целзиусови до крајот на овој век.

„Ова не е време за очај, време е за учество во возбудлива деценија на трансформација“, истакнала Warren.

Во Јапонија за шест дена срушени се 550 метеоролошки рекорди

Аксиос пишува и дека минатиот месец (јуни) топлотните бранови соборија температурни рекорди во дури пет земји: Јапонија, Италија, Норвешка, Иран и Финска. Јапонија, на пример, во јуни забележала температура од 40 степени Целзиусови за прв пат во историјата на мерењата.

Во Јапонија дури 550 месечни метеоролошки рекорди се срушени за само шест дена од јуни оваа година. Токио постави рекорд за најмногу последователни денови од 35 или повеќе степени Целзиусови.

Најмалку пет илјади Јапонци се хоспитализирани поради топлото време, а од населението било побарано да заштеди енергија поради зголемената потрошувачка предизвикана од жештините.

На пример, персоналот на градската управа во Токио е советуван да работи во канцелариите без да ги вклучува светлата. Светлата биле исклучени во замрзнувачите на супермаркетите низ земјата, но и лектричните апарати во продавниците за покуќнина.

- Advertisement -spot_img

Повеќе Вести

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

- Advertisement -spot_img

Последно додадено