14.8 C
Skopje
Tuesday, May 30, 2023

Санација на ударни дупки низ цела Општина Центар

Мора да се прочита

- Advertisement -spot_img

Општина Центар започнува со санација на оштетени улици односно на т.н „ударни дупки“ во сите населби на општината.

Во изминатиот период, службите на локалната самоуправа, евидентираа неколку точки на чии локации постојат видливи оштетувања на инфраструктурата кои во следниот период ќе бидат асфалтирани.

Поради поголема успешност на оваа акција, Општина Центар ги повикува и граѓаните со уредно наведување на точната локација и број на улицата, да пријават ударни дупки на територијата на Општина Центар. Граѓаните кои сакаат да пријават тоа можат да го направат јавувајќи се на телефонскиот број 076381673 или преку e-mail адресата: kontakt@centar.gov.mk.

Општина Центар оваа акција ја презема со цел да се овозможи безбедно движење на граѓаните, велосипедите и моторните возила.

Одделение за односи со јавност
Општина Центар – Скопје

- Advertisement -spot_img

Повеќе Вести

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

- Advertisement -spot_img

Последно додадено