15.8 C
Skopje
Friday, September 22, 2023

РАЗЗЕЛЕНЕТ УШТЕ ЕДЕН МААЛСКИ ПАРК ВО КАРПОШ

Мора да се прочита

- Advertisement -spot_img

Засадени се 72 нови украсни растенија во маалскиот парк во урбаната заедница „Владо Тасевски“ спроти хотел „Карпош“.

Имено, локалната самоуправа го комплетира изгледот на овој јавен простор кој се уредуваше во текот на летниот период.

Претходно беше засадена нова тревна површина на 2.000 м2, а поставен е и систем за наводнување со цел трајност на зеленилото и негова поголема функционалност.
Исто така, беа поставени и нови клупи за седење, а се обнови и детското игралиште кое се наоѓа во близина на паркот.

Овој маалски парк е лоциран меѓу неколку објекти за домување и тука граѓаните поминуваат дел од своето слободно време.

Оттука, потребата за уредување на овој јавен простор беше голема, со цел дополнително да се поттикне маалскиот живот и меѓугенерациска дружба.

Оваа сезона општина Карпош уреди уште еден маалски парк во Карпош 4, беа засадени 80 висококвалитетни дрвја во Спортско – адреналинскиот парк, а се подигнаа зелени површини и во други населби.

Oдделение за односи со јавноста
ОПШТИНА КАРПОШ

- Advertisement -spot_img

Повеќе Вести

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

- Advertisement -spot_img

Последно додадено