14.8 C
Skopje
Tuesday, May 30, 2023

Научниците предупредуваат: “Погрешно е да се мисли дека пандемијата е завршена”

Мора да се прочита

- Advertisement -spot_img

„Кога државниците велат дека само треба да продолжиме да живееме со вирусот и да ги укинеме сите ограничувања, луѓето за жал тоа го толкуваат како знак дека пандемијата е завршена – засекогаш“, рече д-р Eric Topol, додавајќи дека таквото размислување е само фантазија затоа што со вирусот ќе се бориме уште многу месеци и години.

Уште колку ќе трае пандемијата?

Никој не знае. Бројот на заразени со коронавирусот опаѓа, но погрешно е да се мисли дека пандемијата е завршена, велат експертите. Неодамнешниот пад на бројот на случаи значи дека најверојатно ќе започне пандемски период, кој може да се опише како „задржување на вирусот, но не е исто како и крај на пандемијата“, напиша во февруари за Los Angeles Times д-р Eric Topol, професор по молекуларна медицина на Истражувачкиот институтот Strips во Сан Диего.

„Кога државниците велат дека само треба да продолжиме да живееме со вирусот и да ги укинеме сите ограничувања, луѓето за жал тоа го толкуваат како знак дека пандемијата е завршена – засекогаш“, рече Topol, додавајќи дека таквото размислување е само фантазија, бидејќи е можно да се бориме со вирусот, со месеци и години што доаѓаат.

Што нè учи историјата

Неодамнешната историја ни покажа дека пандемијата може да трае неколку години. Пандемијата на шпанскиот грип од 1918 година траеше три години, а нејзиниот четврти бран во 1920 година беше посмртоносен за некои американски градови од попознатиот втор бран во 1918 година, напиша John Barry, автор на “The Great Influenza: The Story of the Deadliest Pandemic in History“.

Научниците неодамна почнале да ја проучуваат пандемијата на “рускиот грип“ од 1889 година за да најдат индиции за тоа како може да се развие сегашната пандемија на Ковид бидејќи се сомневаат дека е предизвикана од коронавирус, а не од вирус на грип.

Има сличности меѓу овие две пандемии. Руската пандемија првпат се појавила во пролетта 1889 година во денешен Узбекистан. Се раширила низ светот во три бранови во текот на три години, изјави епидемиологот др. George Rutherford од Универзитетот Калифорнија во Сан Франциско.

Грипот е специфичен по тоа што најтешко ги погодувал младите и старите луѓе, додека рускиот грип „ги погодувал само постарите“, додаде Rutherford. Интересно е тоа што симптомите специфични за пандемијата од 1889 година биле губење на чувството за мирис и вкус, исто како кај Ковид-19.

Сеопфатен извештај на научникот Harald Brüssow, објавен минатиот март во списанието Microbial Biotechnology, наведува дека е веројатно периодот на зголемени смртни случаи поврзани со Ковид-19 да трае подолго од пет години. Пандемијата од 1889 година пристигнала во Англија и Велс една година подоцна и до 1892 година предизвикала голем број смртни случаи. Во текот на следните две години, бројот на смртни случаи опаднал, но „се уште бил значително поголем отколку пред пандемијата“.

Од овие податоци може да се види дека оваа пандемија, која е слична на пандемијата на ковид, траела пет години, што значи дека ковидот би можел да не измачува и по 2022 година доколку кампањите за вакцинација не го променат „природниот тек на вирусот“ вели  Brüssow, додавајќи дека „сè уште не е јасно дали текот на настаните на оваа пандемија ќе биде сличен на оној од пред 140 години“.

„Важно е да се споменат многуте разлики помеѓу пандемијата на рускиот грип и пандемијата Ковид-19. Маските помалку се користеле за време на „руската“ пандемија, карантинските мерки ретки, а вакцините не биле достапни“.

Подготвени за најлошото сценарио

„Сè уште постои можност вирусот да мутира, да стане поопасен и да го заобиколи имунитетот што го создаваат вакцините и болестите“, рече Topol.

“Затоа е важно да се подготвиме за најлошото сценарио, треба да ги следиме нови скокови на бројот на заразени, да го следиме вирусот во отпадните води, да ги подобриме системите за вентилација и да создадеме вакцина за сите варијанти на вирусот“, напиша Topol.

Поради можните нови варијанти, клучно е да се продолжи со вакцинацијата за да се спречи појавата на нови, мутирани варијанти.

„Имаме милијарди невакцинирани луѓе во светот кои немаат заштита од претходни инфекции“, рече Топол. „Кога вирусот не се контролира, како што е сега, се зголемуваат шансите за нови варијанти.

Експертите сè уште го проучуваат BA.2, подтип на омикронската варијанта. BA.2 веројатно полесно се пренесува од главниот подтип BA.1 и има извештаи дека предизвикува потешки симптоми, тврди Радерфорд. Но, BA.2 е одговорен за релативно мал процент на случаи во светот.

„Во моментов не изгледа дека BA.2 ќе прерасне во голема закана, но не треба да бидеме изненадени доколку во наредните месеци се појави нова варијанта која ќе заслужи сопствена грчка буква“, напиша Topol.

- Advertisement -spot_img

Повеќе Вести

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

- Advertisement -spot_img

Последно додадено