Најголемата експлозија на светот, онаа во Сибир со јачина околу 185 бомби од Хирошима, останува мистерија откако научниците докажале дека се работи за погрешен метеоритот.
Огромна огнена топка е видена како го преминува сибирското небо на 20. јуни 1908. година, пред да експлодира на десет километри над земјата и срамни со земја 80 милиони дрвја.
Италијанските научници поминале 21 година проучувајќи ја т.н експлозија во Тунгуска, тврдејќи дека езерото Чеко е исполнет „кратер“ создаден од ударот, што резултирало со теоријата дека феноменот бил предизвикан од метеорит, пишува Daily Mail.
Но, новото истражување на руските геолози тврди дека идејата била погрешна, што би значело дека големата експлозија, која го осветлила небото над цела Европа, па дури и Америка, останува мистерија.
Бројни теории за причината за експлозијата

Се појавија бројни теории за тоа што би можело да биде причината за оваа огромна експлозија, освен метеоритите. Од огромна вулканска ерупција, до комета која претежно се состоела од мраз, до мала црна дупка која се судрила со Земјата, па се до вонземјани кои уништиле метеор во НЛО за да ја спасат Земјата.
Локалните жители Еванки веруваа дека тоа е посета на лутиот бог Огди.
„На небото се слушна јак удар, проследен со бучава како камења да паѓаат од небото, или пукање со оружје. Земјата се тресеше“, рече еден Сибирец кој се наоѓал на околу 65 километри од епицентарот.
“Како да дошол Судниот ден. Толку ми стана жешко што не можев да издржам, како да ми се запали кошулата“, изјави друг сведок. “Сакав да ја скинам и да ја фрлам, а потоа небото наеднаш се затвори. Се слушна силен тресок а јас бев отфрлен неколку метри подалеку“.
Потресите се почувствувале сѐ до Британија, а експлозијата го осветлила небото сè до Америка.

Нема траги од удар
Уште од првата советска експедиција во оваа оддалечена област на Сибир, збунувачки аспект е отсуството на траги, како што се кратери кои би направиле парчиња или фрагменти од метеорити на земјата.
Италијанскиот научник Luca Gasperini од Универзитетот во Болоња долго време верувал дека езерото Чеко, оддалечено на осум километри од епицентарот, е алката што недостасува во целата Тунгуска мистерија.
Езерото го нема на ниту една карта на Сибир од времето на Царска Русија, а сеизмичките мерења што ги спровел неговиот тим покажале дека седиментите се акумулирале во езерото околу еден век.
Тие заклучиле дека под дното на езерото се наоѓа густ карпест материјал и дека токму тоа е остатокот од експлодираниот метеорит.
Италијанската теорија заснована на начинот на кој биле уништени дрвјата тврди дека две тела влегле во атмосферата. Едниот експлодирал на надморска височина од осум километри, додека другиот удрил во Земјата и го создал езерото Чеко.

Езерото сепак е постаро од експлозијата
Руски научници истражиле седименти од најдлабокиот дел на езерото, околу 50 метри под површината и направиле геохемиска и биохемиска анализа.
Студијата покажала дека најдлабокиот примерок е стар околу 280 години, што значи дека езерото е веројатно и постаро, бидејќи научниците не можеле да добијат примероци од самото дно на седиментниот слој.
„На крајот на краиштата, во резерватот Тунгуска има и други длабоки, практично тркалезни езера, кои личат на езерото Чеко и веројатно се од исто геолошко потекло“, се вели во соопштението од седиштето на експедицијата во Руското географско друштво во Сибирскиот федерален округ.
„Геолошкото езеро изгледа младо. Но, недоволно младо за да биде кратер предизвикан од експлозијата во Тунгуска“, објавија локалните медиуми, додавајќи дека причината за формирањето на овие езера е мистерија.

И така, Тунгуска сè уште останува непозната, но одговорот може да биде дека се работи за метеорит кој експлодирал во воздухот.
Така, во 2013. година во овој дел на Сибир биле пронајдени примероци од метеоритско потекло со траги од јаглеродниот минерал лонсдалеит. Познато е дека тие се формираат кога метеоритите ја погодуваат Земјата, но тие може да бидат резултат и на некој друг метеорски дожд.