14.8 C
Skopje
Tuesday, May 30, 2023

Концерт на годината, Некст Тајм и Лозано во Антички!

Мора да се прочита

- Advertisement -spot_img

Почитувани со огромно задоволство сакаме да Ве информираме дека за прв пат во Македонија на 30ти јули во Античкиот театар во Охрид заеднички концерт ќе оддржат моментално најактуелните македонски звезди, групата Некст Тајм и Лозано.

Влезниците за овој спектакл веќе се во продажба преку продажната мрежа на Купикартизасе како и онлајн на следниот линк https://www.kupikartizase.com/Events/next_time_2022

Некст Тајм – “Овој настан за нас е од огромно значење пред се поради тоа што првиот наш фестивал во 2008 како Некст Тајм, беше токму овде на Антички и ја освоивме публиката која исто така и ден денес е со нас. Заедно со Лозано се појавивме на тој фестивал и некако се зближивме од тогаш. После толку години градејки ги нашите музички кариери ете стигнавме да одржиме за прв пат заеднички концерт.

Се надеваме дека публиката ќе ужива во песните од нашиот најнов албум, но сигурно ќе има и изненадувањаJ Очекуваме публиката да дојде во голем број и заедно да уживаме во една незаборавна вечер исполнета со нашата заедничка уметност.”

Лозано – “Антички театар е историски простор каде што секој изведувач од Македонија би сакал да настапува, како еден од најреномираните локалитети за правење концерти воопшто кај нас. Отворената сцена, но и самата историја која што ја крие “антички” дава на тежина и големо значење на секој евент кој што се организира таму.

Со големо исчекување го очекуваме концертот и ветуваме заеднички дека ќе направиме одлична музичка претстава на сите присутни. Ги покануваме сите во Охрид и уште еднаш “ова лето ќе се памти” по уште еден одличен концерт заедно со моите пријатели од Некст Тајм.”

Бидете дел од најуникатниот настан ова лето во Македонија!!!

- Advertisement -spot_img

Повеќе Вести

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

- Advertisement -spot_img

Последно додадено