15.8 C
Skopje
Friday, September 22, 2023

Истрага во Ferrero | Во Kinder јајцата пронајдена САЛМОНЕЛА, контаминираните слатки откриена уште во декември

Мора да се прочита

- Advertisement -spot_img

Белгиското обвинителство покрена истрага за појавата на салмонела во фабриката на италијанската кондиторска компанија Фереро во Арлон, која беше затворена по наредба на властите, јави агенцијата Белга, повикувајќи се на државното обвинителство.

Фабриката во Арлон беше затворена минатата недела поради сомневање дека е поврзана со повеќе од 100 случаи на салмонела низ Европа.

Белгиската агенција за безбедност на храна AFSCA ја суспендираше лиценцата на Ferrero во петокот додека не ги исполни сите барања за безбедност на храната. Наредиле и повлекување од продажба на сите чоколадни производи за деца произведени во таа фабрика.

Ferrero ги заостри безбедносните контроли

Италијанската компанија објави дека салмонелата била откриена на 15 декември минатата година. Производите потоа биле повлечени, контаминираниот филтер на резервоарите за суровини биле заменет и засилени безбедносните проверки на производите, додаваат тие.

Европската управа за безбедност на храната (EFSA) минатата среда објави дека истражува можна поврзаност помеѓу 134 случаи на салмонела во најмалку девет европски земји и потрошувачката на чоколадни производи.

„Честите случаи (салмонела) се карактеризираат со невообичаено висок процент на хоспитализирани деца. Некои од нив имаат тешки клинички симптоми, како што е крвава дијареа“, објавија тие.

Поголемиот дел од потврдените случаи се пријавени во Британија, вкупно 63, а веројатни или потврдени случаи се пријавени и во Франција, Ирска, Белгија, Германија, Луксембург, Холандија, Шведска и Норвешка.

Проблем во Kinder јајцата

Повлекувањата на производите се започнати во неколку земји, вклучувајќи ги Белгија, Франција, Германија, Ирска, Луксембург и Британија, се вели во соопштението на Европската унија.

Во соопштението на EFSA не се споменува Ferrero или други компании, но агенцијата потоа соопшти дека случаите се поврзани со Kinder јајцата, без да се разјасни дали проблемот е само во тие производи.

- Advertisement -spot_img

Повеќе Вести

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

- Advertisement -spot_img

Последно додадено