Информации за настаните кои следуваат наредните денови во Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци:
- Во четврток, на 4 мај 2023, со почеток од 19.30 часот, во Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе биде прикажан играниот филм “Фамилија“.
- Режија: Фред Баилиф
- Времетраење: 110 минути
- Земја: Швајцарија
- Жанр: Драма
- Возрасна Категорија: 12+
- Кратка содржина: Група тинејџерки се сместени во дом за резиденцијална нега со социјални работници. Ова принудно „семејно“ искуство создава неочекувани тензии и интимности. Еден инцидент предизвикува синџир на прекумерни реакции. Падот ги открива слабостите на ретроградниот малолетнички систем, како и демоните што ја прогонуваат „ФАМИЛИЈАТА“.
- Социјална драма, која го пресликува нашиот недостиг на морал.
- Во сабота, на 6 мај 2023, од 20 часот, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, ќе биде отворена изложба на графики на Иван Мегленов, од Скопје, насловена како “Носталгија“. Ова му е прва самостојна изложба во Кавадарци, градот од кој потекнува тој и неговото семејство.
- Иван Мегленов е роден во Скопје на 7 август 1996. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2019 година, на отсек графика, паралелно студирајќи на Академијата за визуелни уметности при “Џолев и уметностите“ каде ја стекнува дипломата за “Најперспективен студент“. Денес е дел од тимот на маркетинг агенцијата “Публицис“со над 5 години работно искуство како графички дизајнер.
- Изложбата “Носталгија“ е составена од серијал ситопечат графики кои се интерпретација на спомените на авторот, артефакти од блиското минато, чија функционалност е излишна или заборавена, но имаат оставено трага на нас и е од голема емоционална вредност. Графиките ја прикажуваат емотивната врска со сеќавањата на детството и раната младост на авторот. Стилот на нивната изработка потсетува на едно убаво поминато време и буди носталгија за истото.
- Изложбата е во организација на Дом на култура “Иван Мазов – Климе“, а е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
- Во вторник, на 9 мај 2023, со почеток од 19.30 часот, во Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе гостува Стенд-ап комедијата “Не се курчи!“ во изведба на актерката Надица Петрова, а во продукција на Театарот “Златен елец“ од Скопје.
- Кратка содржина: “Таа е една обична женска особа која уште од мали нозе ја учи најтешката животна лекција, лекцијата за курчењето. Иако знае дека не треба да се курчи, бидејќи искуството и покажало дека курчот секогаш резултира со заеб, таа ни кажува дека не е толку лесно човек да се излечи од навлеченоста на курчењето.“
Марјан Тодоровски
Дом на култура Кавадарци