14.8 C
Skopje
Tuesday, May 30, 2023

ИМАМЕ НОВ ПРОБЛЕМ | Пациентите со Ковид развиле отпорност на антивирусни лекови ! Вирусот мутира само неколку дена по првиот третман

Мора да се прочита

- Advertisement -spot_img

Австралиските истражувачи изразија загриженост дека мутираниот вирус може да се прошири во заедницата доколку пациентите кои го земаат лекот не се следат.

Студијата спроведена од Сиднејскиот институт за заразни болести објави генетски промени во вирусот што предизвикува Ковид-19, поврзани со развојот на отпорност кон Sotrovimab, кај пациенти кои го земаат лекот. Sotrovimab, еден од главните лекови што се користи за лекување на пациенти со тешки случаи на Ковид-19, предизвикува мутиран вид на вирусот, пишува Daily Mail.

Ако мутацијата се прошири во заедницата, имунокомпромитирани и постари пациенти инфицирани со овој вид нема да можат да се лекуваат со Sotrovimab.

Истражувач од Универзитетот во Сиднеј, д-р Rebecca Rockett, проучувала 100 пациенти со Ковид, во здравствените установи низ западен Сиднеј за време на избувнувањето на Делта видот, помеѓу август и ноември.

Вирусот мутира

Студијата покажала дека вирусот мутирал во рок од шест до 13 дена кај четворица пациенти кои го примиле лекот, а третманот за контрола на инфекцијата станал неефикасен. Примероците од мутирани верзии земени од пациенти, исто така, се покажале дека имаат потенцијал да се шират на други.

“Она што загрижува е фактот дека вирусот сè уште бил одржлив и постоел кај овие пациенти откако развиле отпорост. Она што не сакаме да го видиме е дека некој во заедницата развива отпорност, а тој отпор може да се пренесе на други луѓе и тоа го прави лекот неефикасен, не само за тој поединец, туку и за оној на кого се пренесува вирусот“, рече Rockett.

Пациентите треба да се следат

Повеќето од пациентите кои учествувале во студијата биле имунокомпромитирани. Таа верува дека лекарите треба да ги следат сериозно болните пациенти со Ковид-19 и порано да ги идентификуваат мутациите отпорни на лекови за да го спречат ширењето на вирусот.

„Причините за резистентни вируси може лесно да се одгледуваат во лабораторија, што е показател дека поединците кои развиваат отпорност можат да го пренесат вирусот на отпорност на други“, рече таа.

- Advertisement -spot_img

Повеќе Вести

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

- Advertisement -spot_img

Последно додадено