14.8 C
Skopje
Tuesday, May 30, 2023

ЗОШТО ТОЛКУ СМРТ ? Конечно откриен клучниот предизвикувач на тешкиот Ковид-19, а една група луѓе е особено погодена

Мора да се прочита

- Advertisement -spot_img

Автоантителата кои го напаѓаат блокот тип 1 интерферон, задолжен за одбрана на телото од вируси, се одговорни за 18% од смртните случаи од тешкиот ковид

Антителата треба да служат за одбрана на човечкиот имунитет од надворешни опасности како коронавирусот. Но, некои од нив се свртуваат против сопствениот имунолошки систем и го ослабуваат.

Една студија објавена во списанието Science откри дека таквите „бунтовнички“ антитела се клучен предизвикувач за тешки форми на ковид-19, а следствено причина за смрт предизвикана од инфекција со новиот коронавирус.

Автоантителата, како што ги нарекуваат, се присутни и кај здравите луѓе, но нивното ниво се зголемува со возраста. Ова помага да се објасни зошто постарата популација е особено погодена од инфекцијата.

Напад врз клучните протеини

Оваа студија само ги потврди претходните наоди на научниците дека околу 10% од тешко болните луѓе имаат автоантитела кои напаѓаат блок тип 1 интерферони, протеински молекули во крвта кои се клучни во одбраната од вирусни инфекции.

“Првиот извештај, објавен минатата година, е веројатно една од најважните студии од појавата на пандемијата. Она што го направивме во новата студија е дека навистина истражувавме колку се вообичаени овие автоантитела кај општата популација и се покажа дека неверојатно се чести“, изјави за Scientific, American Aaron Ring, имунолог на Медицинскиот факултет на Универзитетот Yale во New Haven.

Type 1 interferon (IFN-α/β)

Непобитен доказ

Студијата беше спроведена на 3.595 луѓе од 38 држави кои завршиле во болнички оддели за интензивна нега поради ковид. Дури 13,6% од третираните пациенти имале автоантитела, а од тој број, само 9,6% биле на возраст под 40 години. Од друга страна, дури 21% од пациентите биле постари од 80 години. Автоантителата беа присутни кај 18% од смртните случаи како резултат на инфекција со коронавирус.

Истиот тим научници ги откри истите бунтовни антитела кај четири од 1.000 здрави луѓе пред пандемијата. За да ја потврдат нивната хипотеза, тие собрале примероци од 35.000 здрави лица, исто така пред појавата на пандемијата. Откриле дека автоантитела против тип 1 интерферон се пронајдени кај 0,18% од населението на возраст од 18 до 69 години, кај оние меѓу 70 и 79 години тој процент се зголемил на 1,1%, а кај оние на возраст од 80 на 3,4%.

Постарите лица се особено изложени на ризик

“Постои огромно зголемување на нивото на овие автоантитела со постара возраст. Ова во голема мера го објаснува високиот ризик од тежек облик на КОВИД кај постарата популација”, рече водачот на студијата Jean-Laurent Casanova од Универзитетот Rockefeller во New Yorku, додавајќи дека болниците треба да ги провери пациентите на автоантинтитела.

Тоа, според него, може да помогне да се идентификуваат кои луѓе би можеле да развијат тешки форми на Ковид-19 и да помогне да се третираат пред да биде предоцна. Тој и неговите колеги ќе се фокусираат на понатамошни истражувања за да утврдат дали автоантителата имаат некаква врска со ширењето на други заразни болести.

- Advertisement -spot_img

Повеќе Вести

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

- Advertisement -spot_img

Последно додадено