15.8 C
Skopje
Tuesday, May 30, 2023

ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ НАЈСМРТОНОСНИТЕ ЖИВОТНИ ВО СВЕТОТ

Мора да се прочита

- Advertisement -spot_img

Од октоподот чиј отров е 10.000 пати поотровен од цијанидот, до змија која со еден залак испушта многу моќен отров – што може да убие 250.000 глувци или 100 возрасни луѓе!

Ако тоа не ви е доволно, тука е и отровната риба која убива и на копно, опасна медуза помала од еден сантиметар, најотровниот пајак на светот…

Ова се некои од најопасните животни во светот:

Морска оса

Морската оса (Chironex fleckeri) е високо отровен вид медуза која живее во морските области на северна Австралија.

Нивниот отров веднаш го зашеметува пленот и се смета за еден од најсмртоносните отрови во светот. Како тоа да не е доволно, нивниот отров предизвикува неподнослива болка – толку силна што многу жртви се дават во морето од шокот. Во само една морска оса има доволно отров да убие 30 возрасни лица, а понекогаш смртта доаѓа за само 3 минути по убодот (често од срцев удар).

За среќа, противотровот е едноставен и достапен – оцетот. Плажите низ Северна Австралија имаат залихи кои се лесно достапни за сите посетители за да можат навреме да го третираат убодот на морската оса – едно од најопасните животни во светот.

Synanceia

Synanceia (Stonefish) е риба со супериорна камуфлажа и често е тешко да се разликува од карпите во близина на кои се наоѓа. Тие се отровни, опасни, па дури и смртоносни за луѓето. Всушност, Synanceia е една од најотровните (моментално познати) риби во светот.

Овие риби живеат во крајбрежните региони на Индо-тихиот океан, како и покрај бреговите на Флорида и Карибите. Имаат големи бодликави перки (13 боцки) на грбот кои содржат многу силен отров. Откако ќе влезе во човечкото тело, отровот предизвикува силна болка, оток, привремена парализа, па дури и смрт доколку не се лекува навреме.

Можеби најбизарното нешто кај овие риби е тоа што на копно можат да преживеат и до 24 часа. Бидејќи тие многу добро се камуфлираат во карпите и на копното, нивните убоди се релативно честа појава.

Црна мамба

Црната мамба (Dendroaspis polylepis) е најдолгата отровна змија во Африка, како и најбрзата шумска змија во светот (16–20 км на час). Името го добила по црната боја во внатрешноста на устата, а не по бојата на лушпите, која може да биде жолтеникаво-зелена или метално сива.

Пред да се појави противотровот, стапката на смртност од каснувања на Црната Мамба бил 100%, а дури и денес, без брза и моќна терапија со противотров, каснувањата од Црна мамба речиси секогаш се фатални. Во споредба со другите змии, нивниот отров делува најбрзо.

Иако се прилично срамежливи кога ќе дојдат во контакт со луѓе, доколку се почувствуваат загрозени ќе заземат борбен став, односно ќе го кренат телото исправено за една третина од нејзината должина, а потоа постојано ќе напаѓа додека жртвата не избега или не подлегне.

Irukandji

Irukandji е многу мал и многу отровен вид медуза која ги населува бреговите на Австралија. Тие се толку мали (помали од еден сантиметар) што се речиси невидливи во водата, а сепак толку опасни што се прогласени за една од најопасните животни во светот.

Нивниот отров предизвикува низа симптоми познати како „синдром Irukandji“, проследени со неверојатно силна болка, грчеви, потење и вртоглавица. Не постои противотров за ируканѓи медуза, а ако нивниот убод не се лекува во рок од 20 минути, жртвата најверојатно ќе умре од срцев удар.

Отровот на овие медузи делува во телото и до седум дена, а несреќниците кои ќе ги боцне обично добиваат големи дози морфин само за да ја издржат неверојатната болка која ја предизвикуваат. Добрата вест е дека многу малку луѓе умираат откако ќе се сретнат со овие мали опасни медузи.

Phoneutria

Phoneutria, попознат како бразилски пајак скитник или вооружен пајак („armadeiras“ на португалски) е најотровниот пајак во светот, според податоците од Гинисовата книга на рекорди (2010).

Овој пајак доаѓа од Бразил, но може да се најде ширум Јужна и Централна Америка. Каснувањето на овој пајак е можеби најболниот угриз на светот (што се однесува до пајаците), а покрај тоа е и најотровниот. За среќа, противотровот постои и многу малку луѓе умираат по каснувањето. Неговиот отров е особено болен за мажите бидејќи предизвикува неверојатно болна и долготрајна ерекција.

Ако некогаш го сретнете овој пајак – подобро бегајте, бидејќи тој сигурно нема. Тој не се плаши од луѓе и ќе го заземе својот борбен став (ќе стои на задните нозе) и конечно ќе ве нападне.

Синопрстенест октопод

Октопод со сини прстени се смета за едно од најотровните суштества што можете да ги најдете во океаните. Тие живеат во Тихиот Океан, од Јапонија до Австралија и лесно се препознаваат по сините прстени.

Иако средбите со луѓето се ретки, а кога ќе се случат, треба да бидат под строг лекарски надзор додека отровот не престане да делува, бидејќи нема противотров за овој октопод. Последиците од нивниот отров се вртоглавица, можно губење на видот, чувство за допир, способност за зборување и оток. По 3 минути телото станува парализирано, а потоа медицинскиот персонал мора постојано да врши кардиопулмонална реанимација (CPR) додека телото не ја врати способноста да продолжи самостојно да го одржува животот.

Само еден синопрстенест октопод има доволно отров за да убие 26 возрасни луѓе – отров кој е 10.000 пати поотровен од цијанидот!

Inland taipan

Inland taipan (Oxyuranus microlepidotus) се смета за најотровна змија во светот, а толку е отровна што само еден угриз од оваа змија содржи доза отров доволно силна да убие 250.000 глувци или 100 возрасни луѓе!

Овие змии живеат главно во пустинските региони во внатрешноста на Австралија, поради што, за среќа, речиси никогаш не се среќаваат со луѓето. Ако сепак успее да касне човек, тој би умрел во рок од 45 минути, односно ако навреме не го добие противотровот со кој болниците се преполни и кој до денес ја одржува стапката на смртност од оваа змија на нула.

Inland taipan не само што е најотровната змија, туку се смета и за најопасна бидејќи никогаш не се повлекува за време на борбата. Некои од нападнатите жртви биле каснати и до осум пати – нешто што ретко се гледа во нападите на змии.

- Advertisement -spot_img

Повеќе Вести

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

- Advertisement -spot_img

Последно додадено