- 30 години уметничка и педагошка дејност на м-р Ерхан Шукри
- 20 години Гудачки камерен оркестар “АРКО“
Концерт со хуманитарен карактер за децата со дијабетес.
Програма за сечиј вкус: класика, оперски арии, балет, филмска музика, фламенго, рок, латино, преку ориентот до нашиот фолклор.
Премиерно за прв пат во Македонија истанбулско класично кеменче со харизматичната Нагме Јаркин и панова фрула на атрактивниот Ајдн Јаваш од Турција
Одличниот баритон Џемиљ Реџепи од Италија
Сопран – романтичната Ивана Здравкова од Австрија
Виолинистите Михајло и Момчило Куфојанкис
Кралица на харфата Мерсиха Шукри
Виртуозот на мандолина Лазар Сандев
Кадифениот вокал на Добрила Грашеска
Нашиот маестрален актер Никола Ристановски
Мандолински оркестар “Скопје“
Детски хор “Св. Кирил и Методиј“ од Велес
Специјален гостин на концертот Маестро Рамадан Шукри
Диригент Ерхан Шукри
Вечер исполнета со многу музика, љубов и хуманост
Да помогнеме на ранливата категорија на семејства. Со вашите купени билети да обезбедиме ленти и глукомери за нашата иднина, најмилите – децата со дијабетес.
2 Октомври, Национална Опера и Балет. Почеток 20:00ч
Продажба на билети преку Купи Карти За Се
