Како во најцрните времиња на груевизмот, мијалковизмот со тужби и замолчување на јавни функционери и политички неистомисленици, денес советници од Левица во Битола беа на суд поради реакција во која се обелодени пред јавноста каде се трошат народните пари во Општината Битола. Ова се надоврзува на праксата на тужби и репресија над нашите членовите која ја врши пробугарската власт, со која ДПМНЕ речиси две години одлично кохабитира.
Во период од 20-ти јануари 2022 до 2-ри ноември 2022 Општина Битола потрошила 1 322 207 денари за ресторански и хотелиерски услуги. За јавноста достапна е сметката на која потписник е заменик-градоначалникот Бојкоски каде јасно се гледа како е трошен општинскиот буџет.
До судот приложени се докази за деаргументурање на тужба за клевета против советниците од Левица.
Следното рочиште е закажано за 5-ти јули.
Политичка партија Левица
Бул. „Кочо Рацин“ бр. 32/2 кат-1