Повеќето луѓе не знаат дека природна нафта има во изобилство и дека постојано се обновуваа. Сосема погрешно е мислењето кое се шири во јавноста дека разградувањето на древните фосили е причина за создавање на нафтата, и без разлика дали веруваме во таа парадигма или не, тоа едноставно не е точно.
Ваквите факти ги дознаваме од книгата „The Great Oil Conspiracy: How the US Government Hid the Nazi Discovery of Abiotic Oil from American People“ – „Големиот нафтен заговор: Како американската влада го криела нацистичкото откритие за абиотскaта нафта од американските граѓани“, напишана од авторот на бестселери на New York Times dr. Jerome Corsi.

Колку сме измамени и колку не лажат открива книгата наречена: „Големиот нафтен заговор“ („The Great Oil Conspiracy“).
Дали нафтата потекнува од фосилите на диносаурусите?
Само малкумина се запознаени со абиотичното потекло на создавањето на нафтата, се наведува дека целата нафта на Земјата е природен производ на планетата која постојано генерира нови количини, а не се создава како „фосилно гориво“ поточно со распаѓањето на прастари фосили од прашуми и мртви животни – диносауруси.

Мораме ли за нафта треба да им се заблагодариме на изумрените диносауруси и другите изумрени видови?
„Со децении, петрогеолозите и петро-хемичарите ги игнорирале конфискуваните нацистички документи кои откриле дека фосилното гориво воопшто не е фосилно гориво, ниту пак е направено од распаѓање на прастари биолошки остатоци“, пишува WND.
Корси сугерира дека американската влада, заедно со големите нафтени компании, заговарале да ги сокријат овие откритија бидејќи не сакале јавноста да знае како планетата природно произведува нафта во огромни количини длабоко под нашите нозе.
Затоа, не треба да бидеме изненадени што теоријата за „фосилното гориво“ опстојувала толку долго без вистински докази.
Синтетичка нафта
Исто така, важно е да се каже како може да се создаде синтетичка нафта. Овие информации се кријат и познати им се само на луѓето кои биле блиски до американската влада по Втората светска војна кога таа ги конфискувала нацистичките документи кои ја откриле вистината за создавањето на црното злато.

Хемичарите Franz Fischer и Hans Tropsch
Овие неверојатни документи ги покажуваат процесите на создавање синтетичка нафта од јаглен, процес откриен во 1920 година од германските хемичари Franz Fischer и Hans Tropsch, научници од Институтот Kaiser Wilhelm. До 1944 година, Германците биле во можност да произведуваат 124.000 барели синтетичко гориво дневно.
Како е можно ова јавноста да не го знае ?
Вистината за американските нафтени резерви
EFT News објави за неверојатни факти поврзани со резервите на нафтата во САД, повеќето од овие факти биле познати благодарение на извештајот на Институтот за енергетика, непрофитна организација која се занимава со интензивно истражување и анализи, функции, операции и регулации на владите на глобалниот пазар на нафтата и нафтените деривати.
Еве што откриле:
Со сегашната стапка на потрошувачка, САД имаат доволно нафта за да трае до XXIII век без ниту една капка нафта од други земји. Според некои проценки, САД седат на приближно 1442 трилиони барели нафта кои постојано се обновуваат.
Изјавата на претседателот Barack Obama по таквото сознание има сосема поинакво значење:
Со само 2% од светските резерви на нафта, можеме да ја намалиме цената на нафтата.
Што е сосема спротивно од изјавата на поранешниот американски претседател Jimmy Carter:
Ако не направиме длабоки промени и не ја намалиме потрошувачката на нафтата до 1980 година, ќе имаме поголема побарувачка за нафта отколку што можеме да произведеме.
Се чини дека политиката полека почнува да ја кажува вистината, барем понекогаш.
Можеби има нафта во неограничени количини, можеби не, потеклото на нафтата и теориите кои се занимаваат со неа не се конечни, потребни се дополнителни студии и истражувања од страна на научниците за да се открие тајната на формирањето на нафтата.
И ако е вистина дека земјата произведува нафта во неограничени количини, ако се знае дека САД имаат големи резерви на нафта, ако е вистина дека нафтата може да се произведува дури и синтетички, тогаш војните за нафтените ресурси се сосема непотребни.
Со сите проблеми со животната средина и употребата на нафтата, зошто не се истражуваат еколошките алтернативи и обновливите енергии, кои ги има во огромни количини?