Наодите се пронајдени во мал храм откриен од археолозите во 2019 година и датираат од првите децении на 5 век п.н.е.
За време на ископувањата во јужна Италија, археолозите откриле бројни фигурини од теракота кои даваат увид во религиозниот живот во античкиот град Paestum.
Покрај седумте глави од бикови, пронајдени се и неколку минијатурни храмови и олтари во археолошкиот парк Paestum и Velia во италијанската провинција Salerno, на кои е претставен грчкиот бог на љубовта Eros како јава делфин.

Тоа се „мали ремек-дела на занаетчиството“, се вели во соопштението на археолошкиот парк.
Наодите се пронајдени во мал храм откриен од археолозите во 2019 година и датираат од првите децении на 5 век п.н.е.
Откритијата фрлаат „многу интересна светлина врз античкиот религиозен живот“, рече Massimo Osanna, генерален директор на државните музеи.
- На пример, покрај фигурини и други украсни елементи, пред олтарот на храмот е ископана камена плоча со еден вид на инка во која можело да се собираат течности како крвта на жртвуваните животни за време на верските церемонии, објасни директорот на археолошкиот парк Tiziana D’Angelo.
Paestum бил основан од Грците околу 600 година п.н.е. под името Poseidonia, а подоцна паднал во рацете на Римјаните.
Сместени на околу 100 километри југоисточно од Неапол, урнатините на градот се дел од светското наследство на УНЕСКО и се познати по нивните добро сочувани храмови од грчкиот период.
Откривањето на стотици заветни подароци, статуи и олтари во малиот храм Paestum ја потврдува исклучителната вредност на ова место, изјави министерот за култура Gennaro Sangiuliano.