15.8 C
Skopje
Friday, September 22, 2023

Власта има премногу скандали, а не се води ниту една постапка против функционер од власта, таа е одговорна за апатијата, двоцифрената инфлација и сиромаштијата

Мора да се прочита

- Advertisement -spot_img

Во денешната емисија „Топ тема“ на Телма ТВ гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков кој што истакна дека власта е одговорна за двоцифрената инфлација, за апатијата кај населението и за сиромаштијата, а во изминатите години има премногу скандали за кои не се води ниту една постапка против било кој функционер од власта.

„Во демократијата јасно е чија е одговорноста за апатијата кај народот, одговорноста е на тие што се на власт, и на власта е одговорноста за раководењето, на власта е одговорноста за двоцифрената инфлација. На власта е одговорноста зошто сме секој ден посиромашни“, посочи Лефков.

Лефков посочи и дека власта има посади себе многу скандали изминатите години, а не се води постапка за ниту еден функционер од власта.

„Над 400 милиони јавни набавки се во нетранспарентни постапки и тоа го пишува и во извештаите на Државен завод за ревизија. А, не се води ниту една постапка против актуелен функционер. Се менуваше закон за градба за да постојат модуларни болници па во тие модуларни болници за жал ни се случи трагедија. Многу имаат посади себе оставено скандали од власта, и воопшто не е наивна темата дека власта со измените од КЗ планира себеси да се амнестира. Тие ги гледаат анкетите и знаат дека си одат од власт“, истакна Лефков.

ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било покохезивно и посплотено како сега, тоа го виде и целата македонска јавност на 18-ти август

„Деталната анализа ќе ви укаже нешто дека нема обвинителни акти за држава која што веќе седум години е владеена од СДСМ и од ДУИ, а имаме еден куп корупциски скандали, а не се отвораат обвиненија. Граѓаните гледаат како скандалите завршуваа во Јавното обвинителство наместо во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Во Македонија постојано е крив кабелот. Па така деталната анализа не ни дава многу податоци, туку детално ќе ни укаже дека освен со политички прогон, со друго и не се занимаваше оваа власт“, појасни пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков во гостување во „Топ тема“ на Телма телевизија.

Лефков укажа дека Ахмети има едно објаснување зошто се донесува Кривичниот законик, а од друга страна Артан Груби, Бојан Маричиќ и пратениците од владејачкото мнозинство објаснуваа во Комисијата за европски прашања дека е усогласување со европската регулатива.

Миле Лефков запрашан за интервјуто на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна – „Тоа е интервјуто кое што излезе денеска и е објавено денеска, самото е доволно објаснувачко и произлегува од сите актуелни случувања кои што ја брануваат јавноста. И вие сите го видовте, и само што го споменав и интервјуто на нивниот коалиционен партнер Али Ахмети за ТВ21, во кое што промената на Кривичниот законик беше проследена со политички ставови. Меѓутоа имаме и други сознанија, други сознанија излегоа за средба кај Стево Пендаровски, практично на државниот врв, каде што со Стево Пендаровски се сретнале Ковачевски, Бујар Османи, Груби и други високи претставници на власта каде што се договарале вакви измени на Кривичниот законик. Останува она симптоматично она како ќе го објаснат тоа во Собрание ни стаса и беше претставено на јавноста како усогласување со европската регулатива“.

Лефков рече дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било покохезивно и посплотено како сега. Тоа го виде и целата македонска јавност на 18-ти август кога беше закажана седницата за уставни измени.

„Никогаш ВМРО-ДПМНЕ не било посплотено, а тоа практично и го покажавме на локалните избори. Тоа и го покажуваме секој ден со резултатите кои што ги даваат и градоначалниците и онака како што сме поставени во Собрание. Секогаш работиме во корист на граѓаните“, нагласи тој.

- Advertisement -spot_img

Повеќе Вести

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

- Advertisement -spot_img

Последно додадено