15.8 C
Skopje
Friday, September 22, 2023

АНАЛИЗА НА ЦИА ! РУСИЈА СОЗДАВА „ГАСЕН КАРТЕЛ“ ВО НЕГО СЕ ИРАН, АЗЕРБЕЈЏАН, КАТАР, НО И…

Мора да се прочита

- Advertisement -spot_img

“Русија би можела да создаде енергетски картел сличен на ОПЕК и да воведе непријатна состојба за САД во идните договори за гас.“ Ова го изјави американскиот финансиски експерт и поранешен советник на ЦИА, Џејмс Рикардс.

Поради влошените односи со Западот и економските санкции, Русија прави напори да ја намали својата зависност од САД. Според Рикардс, еден од чекорите на Москва би можело да биде создавање на организација која ќе контролира поголем дел од светските наоѓалишта на природен гас. Ова го пренесува „The Daily Reckoning“.

– Се прават напори да се формира гасен картел со учество на Русија и Иран, а потоа и други земји. Новата организација би можела да функционира како ОПЕК, само што природниот гас, а не нафтата, би станал стратешко средство – вели експертот на американското издание.

Покрај Иран, на рускиот гасен картел би се приклучиле и Катар, Азербејџан и голем број други земји. Влијанието на оваа структура на светскиот пазар на гас би било огромно, бидејќи само Русија, Иран и Катар сочинуваат 60% од сите светски резерви на природен гас.

Таквиот картел може да обезбеди ексклузивни зделки, со фаворизирани клиенти како Кина. Овие договори може да содржат услов што е непријатен за САД – одбивање да се користат долари за плаќање на енергија. Наместо американска валута, ќе се користат алтернативни финансиски инструменти, вклучувајќи криптовалути и злато.

– Ова ќе има геополитички импликации – изјави поранешниот советник на ЦИА.

Експертот смета дека, доколку проработи планот на гасниот картел, една од последиците ќе биде создавање на нов финансиски систем, кој ќе биде целосно независен од САД и американскиот долар.

Неговото појавување нема да доведе до моментален колапс на националната валута на САД, но може да биде почеток на крајот на доминацијата на доларот во светската трговија.

– Историски гледано, ваквите процеси почнуваат бавно, но завршуваат со брз пад на поранешната шампионска валута – резимира експертот.

- Advertisement -spot_img

Повеќе Вести

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

- Advertisement -spot_img

Последно додадено